Десет години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце
На спомен- обележјето цвеќиња положија семејствата на загинатите, министерката за одбрана Шеќеринска, делегации од генералштабот, од Кабинетот на претседателот и од општина Илинден.

Десет години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце каде што загинаа 11 македонски мировници. На спомен- обележјето цвеќиња положија семејствата на загинатите, министерката за одбрана Шеќеринска, делегации од генералштабот, од Кабинетот на претседателот и од општина Илинден.
Почит на нивните колеги им оддадоа и припадниците на воздухопловната бригада на АРМ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
Во конечниот извештај за несреќата беше посочено дека недоволната обученост на пилотите за летање во лоши временски услови била главната причина за падот на армискиот хеликоптер МИ- 17.
За никого не беше покрената кривична одговорност. Семејствата не прифаќаат дека необученоиста на пилотите е причината за несреќата.
