Синдикати
КСС: Протест пред Владата на 17-ти јануари
12.01.2018 13:11
Ги повикаа сите синдикати, граѓански и невладини организации да учествуваат на протестот по основ на солидарна поддршка.

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) бара најдоцна до 16-ти јануари работна средба со претседателот на Владата или од него овластени претставници, за договарање заеднички решенија за надминување на состојбите кои се причина за организирање на јавниот предупредувачки протест.
Ги повикаа сите синдикати, граѓански и невладини организации да учествуваат на протестот по основ на солидарна поддршка.
Од СОНК предупредија дека доколку не се изнајдат заеднички прифатливи решенија, ќе се доведе во прашање почетокот на второто полугодие во училиштата, како и работата на градинките.
