Шилегов: Средните училишта ќе имаат нови фасади

12.01.2018 13:18

Дополнителни 20 милиони ќе бидат потрошени за нивно доопремување и уредување на внатрешната инфраструктура. Градоначалникот Шилегов најави поставување рампи за подобар пристап на учениците со физичка попреченост.

Градските власти на Скопје пренаменија 70 милиони денари од проектот „Скопје 2014“ за изградба на енергетски ефикасни фасади во сите средни училишта во Скопје. Дополнителни 20 милиони ќе бидат потрошени за нивно доопремување и уредување на внатрешната инфраструктура. Градоначалникот Шилегов најави поставување рампи за подобар пристап на учениците со физичка попреченост.

Предвидени се уште 20 милиони денари средства обезбедени од редовната програма на градот кои ќе бидат наменети за доопременување на училштата и решавање на внатрешната инфраструктура согласно приоритетите на секое училиште. Со проектот предвидени се реконструктивни активности за адаптација на просторот за пристапност со физичка попреченост при што ќе бидат изградени надворешни и внатрешни рампи во училиштата каде недостасуваат, како и адаптација на тоалетите во сите средни училишта во градот, изјави градоначалникот Шилегов.

Со ова, како што исткана Шилегов, се обезбедува еднаков пристап за сите, а учениците со телесна попреченост ќе добијат пристап до секое средно училиште во градот.