„Без паника“- втора премиера годинава на Битолски театар

21.02.2014 10:16

Во комедијата „Без паника“ ќе настапат актерите Никола Пројчевски, Маријан Ѓоргиевски и Александар Копања...

Народниот театар-Битола вечерва ќе ја изведе втората годинашна премиера, претставата „Без паника“ работена според текстот на финскиот автор Мика Мулуахо, а во режија на Благој Мицевски.
 
Во комедијата „Без паника“ ќе настапат актерите Никола Пројчевски, Маријан Ѓоргиевски и Александар Копања.
 
Според актерите „Без паника“ претставува големо освежување и нов начин на презентацијата на комедијата низ еден безвременски текст разбирлив на сите јазици и во секоја држава.
 
Во претставата користена е музика од повеќе изведувачи, преводот го направи Оливера Павловиќ, драматург е Билјана Крајчевска, сценограф Драган Анѓелковиќ, а кореограф Валентино Апостоловски.