Богојавление Водици- неработен ден за граѓаните од православната вероисповед
12.01.2018 13:58
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Макединја- 19 јануари е неработен ден...

Петок, 19 јануари 2018 година е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија, информираше денеска Министерство за труд и социјална политика.
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Макединја- 19 јануари е неработен ден и истовремено, им го честита празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.
