Ратификацијата на договорот со Бугарија пред пратениците
Пред пратениците се и две измени и дополнувања на Законот за внатрешни работи, Предлог на закон за Оперативно - техничка агенција, Предлог на закон за дополнување на Законот за класифицирани информации, Предлог на закон за следење на комуникациите...

Ратификацијата на договорот со Бугарија, реформските закони за следење на комуникациите, измените на законите за администрација, законот за амнестија, вкупно 37 точки на дневен ред на денешната 30-та седница на Собрнието на Република Македонија.
Пред пратениците се и две измени и дополнувања на Законот за внатрешни работи, Предлог на закон за Оперативно - техничка агенција, Предлог на закон за дополнување на Законот за класифицирани информации, Предлог на закон за следење на комуникациите, измени и дополнувања на Законот за електронските комуникации, дополнување на Законот за извршување на санкциите, измени и дополнувања на Законот за јавното обвинителство, измени и дополнувања на Законот за јавнообвинителска служба, дополнување на Законот за судовите, измени и дополнувања на Законот за кривичната постапка сите во прво читање.
Во Собранието денеска ќе се одржат седници на комисиите за европски прашања и за култура и Законодавно-правната комисија.
На Комисијата за европски прашања бугарскиот амбасадаор во Македонија Иван Петков ќе ја презентира програмата и приоритетите на бугарското претседателство на ЕУ, додека на Комисијата за култура на дневен ред е Предлог - закон за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија, во второ читање.
