Одбележување на Василица: Потрагата по среќата е неминлива

15.01.2018 10:19

Василица или Стара Нова Година прилепчани ја прославуваат барајќи ја среќната паричка во мазнкот - потврдувајќи ги обичаите, вербата и надежите дека среќата ќе им биде наклонета цела година. Етолозите велат дека, според верувањето, од Божик до Богојавление- Водици, небото е отворено за желби.

Адети, желби и надежи. Прилепчани ја прославуваат Стара Нова Година и Василица барајќи ја среќната паричка. Вербата во среќата е неминлива. Оние што ја добиле лани, велат, поминале многу среќни мигови. А оние, пак, на кои сега им се насмевна среќата, полни се со надежи.

Среќата е потреба за секого. И секој различно ја доживува. Среќна паричка или зрнце жито. Според етнолозите, обичајот е прастар, како обред. Но, најмногу се врзува со Свети Василиј Велики.

Колку се потешки времињата за живеење, посилна е желбата да се достигне среќата. Ноќеска, на Стара Нова година, прилепчани го фрлаа и зарот. За да им се посреќи.

Елизабета Митреска