Собрание на РМ

Бугарскиот амбасадор ќе ги презентира приоритетите на бугарското претседателство со ЕУ

15.01.2018 10:36

Според најавата, предвидено е обраќање пред пратениците и на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, шефот на дипломатијата Никола Димитров, како и на шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

Пред членовите на собраниската Комисија за европски прашања, бугарскиот амбасадор во Македонија, Иван Великов Петков, ќе ги презентира програмата и приоритетите на  бугарското претседателство со Европската унија во првата половина од годината.

Според најавата, предвидено е обраќање пред пратениците и на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, шефот на дипломатијата Никола Димитров, како и на шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

Од Комисијата информираат дека на седницата се поканети и претставници на невладиниот сектор, како и претставници на дипломатско- конзуларни претставништва во земјава и на меѓународни организации.

За денеска се најавени седници на уште две парламентарни тела, на Комисијата за култура и на Законодавно- правната комисија.