Финансии

Расте долгот на САД!

21.02.2014 09:06

Соединетите Американски држави избегнаа второ затворање на федералните институции на 27-ми февруари со изгласување на зголемување на нивото на националниот долг за половина милијарда долари во 2014-та...

Долгот на Соединетите Американски држави од 16,7 милијарди долари е зголемен на 17,2 милијарди долари. Ова е компромисен договор меѓу Републиканците и Демократите во Конгресот за да се избегне повторно парализирање на федералните институции на 27-ми фебруари. Конгресот изгласа продолжување на финансирање на пензиите за ветераните и буџетите за функционирање на федералните агенции како ФБИ.

Сепак, предлогот на американскиот Претседател за продолжување на помошта за невработените за уште три месеци, не помина во Конгресот. Сега, Белата куќа инсистира на зголемување на минималната федерална плата на 10,10 долари од час до крајот на 2016-та, што според Републиканците ќе предизвика намалување на еден милион работни места во Америка.

Ова е важно зошто економијата расте во последниве 4 години, отворени се 8,5 милиони нови работни места, но платите не се зголемија воопшто. Премногу Американци работат понапорно од било кога, но едвај излегуваат на крај и затоа мора да создадеме економија која фунционира за сите, не само за богатите“, вели претседателот Барак Обама.

Конгресот го одби зголемувањето на минималната плата со објаснување дека ќе бидат загубени половина милион работни места, иако 16,5 милиони работници ќе добијат зголемување на платите. Претседателот Обама може да донесе извршна наредба за зголемување на минималната плата спротивно на мнозинството конгресмени Републиканци, со што ќе се создаде нов судир меѓу администрацијата во Белата куќа и Конгресот.

Зголемувањето на долгот на 17 милијарди долари ќе важи до март 2015-та година.

 

Ирина Гелевска- постојан дописник на МРТ од Вашингтон