Тунис: Судир меѓу полицијата и демонстрантите

15.01.2018 12:04

Група млади луѓе со камења фрлаа кон полициските возила чиишто гуми подоцна беа спалувани. Претседателот претходно најави дека ќе ја зголеми стапката на вработеност меѓу младината.

Полицијата во Тунис со солзавец им се спротивстави на демонстрантите кои протестираат против новите мерки за штедење. Група млади луѓе со камења фрлаа кон полициските возила чиишто гуми подоцна беа спалувани.

Претседателот претходно најави дека ќе ја зголеми стапката на вработеност меѓу младината.

Бунтот во 2011 година, со кој почна Арпаската пролет, резултираше со симнување од власт на претседателот Бен Али кој владееше 23 години.