Скопјанец пронајден мртов со прострелна рана во главата
15.01.2018 12:11
Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, информираат од полицијата.

Шеесет и две годишен маж од Скопје бил пронајден мртов во својот дом. Случајот го пријавил неговиот внук вчера утрото, кој го пронашол својот дедо мртов со прострелна рана од огнено оружје во главата.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
