Филипини: Евакуирано населението околу најактивниот вулкан

15.01.2018 12:44

Институтот за вулканологија и сеизмологија на Филипините го зголеми нивото на предупредување...

Над девет илјади луѓе се евакуирани од областа којашто го опколува најактивниот вулкан на Филипините откако лавата почна да истекува од кратерот по мала ерупција, којашто научниците очекуваат да се претвори во експлозивна.

Институтот за вулканологија и сеизмологија на Филипините го зголеми нивото на предупредување на планината Мајон од три на пет.