Собранието го ратификува Договорот за добрососедство со Бугарија
Во работата на Собранието не учествуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Со 61 глас „за“ и само еден „воздржан“, пратениците го изгласаа Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу нашата земја и Република Бугарија.
Во работата на Собранието не учествуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров, рече дека е факт дека тешки и деликатни прашања меѓу две соседни држави многу тешко се договараат и Њниту ние, ниту во Бугарија целосно сме среќни со текстот“.
Посочи дека договорот е значаен поради тоа што двете страни се охрабриле „да излезат од рововите, особено во нашиот регион, кој е оптоварен со историја, и дека е важно што дава извесна самодоверба во нашето општество“.
Законодавниот дом на источниот сосед, ратификацијата ја заврши пред Новогодишните празници.
