Усвоен Законот за амнестија, 670 затвореници излегуваат на слобода

15.01.2018 13:46

Со овој Закон не се опфатени оние кои се осудени за убиство, кривични дела против изборите и гласањето, за силување, педофилија, посредување при проституција, дела против државата...

Собранието на денешната седницата го усвои Законот за амнестија. Предвидено е околу 670 луѓе целосно да бидат ослободени од издржување затворската казна. Над три илјади ќе добијат намалување на казната за 30 проценти.

Со овој Закон не се опфатени оние кои се осудени за убиство, кривични дела против изборите и гласањето, за силување, педофилија, посредување при проституција, дела против државата, злосторничко здружување, за кривични дела против човечноста и меѓународното право.

Според владата, со ова ќе се заштедат буџетски средства, а парите ќе се искористат за подобрување на условите во казнено- поправните домови.