Метео: Променливо облачно со сончеви периоди

15.01.2018 15:05

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Дневната температура ќе се зголеми во однос на денешната.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Послаби врнежи од дожд и снег на планините се можни во крајните западни делови.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Дневната температура ќе се зголеми во однос на  денешната.

Максималната се очекува да достигне до 12 степени. Позначителен влажен бран ќе го зафати нашето подрачје во среда.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска