Можен „епски судир“ на Меркел и Макрон со Трамп
Поради постигнатиот прелиминарен договор за формирање влада, се очекува германската канцеларка Ангела Меркел да учествува на 48-от форум. Свое излагање ќе имаат и францускиот и американскиот претседател Макрон и Трамп.
На претстојниот Светски економски форум во Давос, новинската агенција „Ројтерс“ предвидува т.н. „епски судир“ меѓу челниците на Германија и Франција и американскиот претседател.
Поради постигнатиот прелиминарен договор за формирање влада, се очекува германската канцеларка Ангела Меркел да учествува на 48-от форум. Свое излагање ќе имаат и францускиот и американскиот претседател Макрон и Трамп.
Доколку им се придружи и Меркел, ова ќе биде можност за европските челници да ја потврдат посветеноста за реформите во ЕУ и да му се спротивстават на лидерот на САД во однос на глобалните случувања.
