Ќе се искоренува исполитизираноста на јавните службеници
Владината реформа предвидува стручна администрација оспособена за поефикасни, поквалитетни и побзри услуги за граѓаните и за бизнисот. Четирите приоритени области се опфатени. Нивното спроведување ќе го следи посебно тело- совет, истакна ресорниот министер...

Деполитизирана стручна администрација оспособена за поефикасни, поквалитетни и побзри услуги за граѓаните, но и за бизнисите е целта на владината реформа, тврди координаторката Биљана Николовска Жагар. Процесот нема да биде лесен. Потребно е да се преброиме, со издржани анализи и проверени факти за стручноста и компетенетноста на кадрите во администрацијата ќе се пристапи кон рационализација на работните места или прекфалификација, вели николовска Жагар. Пред сѐ ќе се искоренува исполитизираноста на јавните службеници, додава таа.
Посебни работни групи се ангажирани за четирите приоритени области опфатени со реформите, вели ресорниот министер Манчевски. А нивното спроведување ќе го следи посебно тело- совет.
Креирање на политиките и координација, јавна служба и управување со човечки ресурси, одговорност, отчетност и транспарентност, како и давање на услуги и информатичко комуникациски техники заедно со принципот на управување со јавните финансии се главните области на кои работат четири работни групи за реформирање на администрацијата.
Фиљана Кока
