Штрајкови во Грција поради реформските зафати
Во Атина повторно блокади поради мерките што до полноќ грчкиот Парламент треба да ги усвои за реформски зафати, меѓу кои ќе се регулира и правото на штрајк што го бараат меѓународните кредитори...

Грците повторно излегоа низ улиците во Атина. Во грчката метропола е парализиран градскиот и воздушниот сообраќај поради серијата штрајкови кои се одржуваат за време на гласањето во Парламнетот за реформските мерки што ги баараат меѓународните доверители.
Синдикатите организираа прекин на работата, во кој е вклучен и тричасовниот штрајк на контролата на воздушниот сообраќај, штрајк во јавниот превоз како и во училиштата и јавните болници.
„Со овој предлог-закон се предвидува суштински да се укине правото на штрајк, а ќе се гласа и за други неприфатливи мерки кои се против работниците“, изјави Димитрис Куцумбас, генерален секретар на грчката Комунистичка партија.
Медиумите известија дека меѓу мерките кои што до полноќ треба да ги усвојат пратениците на грчкиот парламнет се условите како треба во иднина да работат синдикатите. Доколку тие сакаат да закажат штрајк по ново, треба прво да се изјаснат 50 насто од регистрираните членови на овие организации, наспроти сегашните актуелни 20 насто.
Од почетокот на економската криза од 2010-та, Грција доживеа околу педесет општи штрајкови. Најголемите сидикати уште пред крајот на минатата година највија дека нема да застанат туку така, бидејќи ќе го дигнат својот глас против мерките за штедење што се превидени со пакетот помош за Грција, и покрај тоа што власта ја стартуваше новата рудна преговори со меѓународните кредитори.
Инаку Владата на Грција сукцесивно ги намалуваше платите, истовремено зголемувајќи ги даноците, а со тоа го ограничи и вработувањето во јавниот сектор, сѐ со цел да ги исполни барањата од меѓународните фактори, за новиот пакет на помош.
Ова програма треба да се оконча до август годинава кога е предивдено, да почне оваа презадолжена земја самостојно да се финасира со продожба на државни обврзници.
Мирјана Василева
