Дваесетина повредени во експлозија во Антверпен

16.01.2018 10:19

Полицијата во белгискиот град Антверпен соопшти дека инцидентот не се поврзува со тероризам. Детонацијата се случила во познат италијански ресторан.

Дваесетина луѓе се повредени, а неколкумина заробени во урнатините на зградата во која се случи експлозија веројатно предизвикана од плин.

Полицијата во белгискиот град Антверпен соопшти дека инцидентот не се поврзува со тероризам. Детонацијата се случила во познат италијански ресторан.

По серијата бомбашки напади во текот на ланската година, во Белгија се зголемени безбедносните мерки.