Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг утре и задутре во Македонија

16.01.2018 10:23

При последната средба со премиерот Заев во седиштето на Алијансата во Брисел, генералниот секретар изјави дека вратата на НАТО останува отворена и дека ја поддржува Македонија на патот за членство во сојузот.

Утре и задутре во Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Ќе има средби со државниот врв и со лидери на политички партии. В четврток ќе се обрати пред пратениците во Собранието.

При последната средба со премиерот Заев во седиштето на Алијансата во Брисел, генералниот секретар изјави дека вратата на НАТО останува отворена и дека ја поддржува Македонија на патот за членство во сојузот.

По три години, ова е прва посета на генерален секретар на Алијансата на земјава. Во мај 2014-та година, во Македонија беше тогашниот прв човек на НАТО, Андрес Фог Расмунсен.