Романија: Премиерот Тудосе поднесе оставка
Тој е вториот премиер во земјата кој во последните седум месеци беше тргнат од власт од сопартијците. Времено ќе биде заменет со вице- премиерот Паул Станеш.

„Си заминувам со крената глава“, изјави романскиот премиер Михај Тудосе кој поднесе оставка откако ја загуби поддршката од сопствената Социјалдемократска партија.
Тој е вториот премиер во земјата кој во последните седум месеци беше тргнат од власт од сопартијците. Времено ќе биде заменет со вице- премиерот Паул Станеш.
Социјалдемократите денеска ќе изнесат предлози за неговиот наследник. Тудосе е во судир со претседателот на владејачката партија Ливиј Драгнеа, којшто не може да биде премиер зашто е осуден за кражба на гласови.
Конфликтот беше обелоденет откако Тудосе побара оставка од министерката за внатрешни работи поради обвинувања за измама, коишто таа ги негира.
