ВМРО- ДПМНЕ: Втор месец не се преземаат никакви дејствија против притворените

16.01.2018 11:11

Според партијата, додека десетина патриоти се наоѓаат во притвор поради монтиран прогон, власта од затвор ослободува осудени криминалци...

Јавното обвинителство втор месец не презема никакви дејствија во истрагата што се води по политички монтираниот случај за тероризам. Тоа е најдобра потврда дека не станува збор за притвор изречен заради некои правно издржани причини, туку неоснована и политичка казна за изживување со луѓе кои мислат поинаку, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, додека десетина патриоти се наоѓаат во притвор поради монтиран прогон, власта од затвор ослободува осудени криминалци. Антидржавната влада на СДСМ во Собранието го изгласа Законот за амнестија на дрзок и шверцерски начин без присуство на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од опозициската партија.

Законите мора да бидат исти за сите. Селективноста и неправдата одат на штета на државата, граѓаните и евроатлански пат. Државата мора да биде еднаква кон сите, стои во соопштението.