КАНАДА
Средба за Корејската криза во Ванкувер
16.01.2018 11:14
Предвидено е присуство на делегации од многу европски и азиски земји, со исклучок на Кина и на Русија.

Во канадскиот град Ванкувер ќе биде одржан состанок на министрите за надворешни работи на кој ќе се разговара за Северна Кореја. Предвидено е присуство на делегации од многу европски и азиски земји, со исклучок на Кина и на Русија.
Како можна причина за отсуството, медиумите наведуваат две сценарија. Според првото, земјите не биле поканети од официјален Вашингтон, а според второто, претставниците ја одбиле поканата од Канада.
Властите на американскиот континент се во голема неизвесност поради усовршувањето на севернокорејската нуклеарна програма и развојот на балистички проектили, кои се сериозна закана за глобалниот мир.
