Утре во Њујорк нова рудна преговори за името

16.01.2018 11:37

Првата рунда преговори за името во 2018-та меѓу Македонија и Грција со посредство на медијаторот Метју Нимиц, ќе се одржи утре во Њујорк, на ниво на преговарачи. Двете земји побараа од медијаторот на Обединетите нации да ги интензивира напорите, со што би дошло до решение на спорот за името.

Без нов предлог за името, само идеи за кои се зборувало претходно, изјави медијаторот Нимиц за Грчката национална телевизија во пресрет на утрешната средба со преговарачите Василакис и Наумовски во њујорк. Посредникот во спорот за името оцени дека сега постои позитивна динамика во Скопје и во Атина за решавање на прашањето.

Првата рунда преговори за името во 2018-та меѓу Македонија и Грција со посредство на медијаторот Метју Нимиц, ќе се одржи утре во Њујорк, на ниво на преговарачи. Двете земји побараа од медијаторот на Обединетите нации да ги интензивира напорите, со што би дошло до решение на спорот за името.

Се очекува Нимиц да предложи рамка, со која суштински ќе се направи исчекор во решавањето на спорот. Македонија и Грција ќе формираат работни групи, предводени од министрите за надворешни работи, за да разговараат за проблемот.

Грчкиот став останува непроменет- сложено име со географска одредница за севкупна употреба. Македонскиот премиер Заев е убеден дека решението може да биде постигнато до јули годинава.