Чешка: Гласање доверба за премиерот Бабиш
16.01.2018 11:42
Аналитичарите прогнозираат дека се мали шансите милијардерот во редовите на политичарите да ја добие потребната поддршка поради обвинувањата за злоупотреба на фондови од ЕУ.

Законодавците во Чешка ќе гласаат доверба на малцинската влада од премиерот Андреј Бабиш. Аналитичарите прогнозираат дека се мали шансите милијардерот во редовите на политичарите да ја добие потребната поддршка поради обвинувањата за злоупотреба на фондови од ЕУ.
Се очекува неговата влада да биде одбиена од Парламентот, но да остане на власт до формирањето на новиот кабинет. Партијата АНО победи на октомвриските избори, но има само 78 од 200 пратенички места во Долниот дом.
