Убиен Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби

16.01.2018 12:09

Според косовските медиуми, во него било пукано со четири куршуми. Српскиот претседател Вучиќ го свика Советот за безбедност.

Лидерот на граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ изутрината е убиен во Косовска Митровица. Ивановиќ бил застрелан додека влегувал во просториите на неговата партија.

Според косовските медиуми, во него било пукано со четири куршуми. Српскиот претседател Вучиќ го свика Советот за безбедност.

Заменик командирот на косовската полиција за регионот север, Бесим Хоти изјави дека сите полициски сили трагаат по непознатите напаѓачи.

Во болничкиот круг во Митровица и пред просториите на партијата има гужва, а делот од градот каде се случил нападот е блокиран од полицијата.