ИК на ВМРО-ДПМНЕ го осуди политичкиот прогон
Ваквото однесување на актуелната власт е недемократски чин и не придонесува за нормализирање на политичката состојба во Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ на првата седница го осуди политичкиот прогон од власта преку правосудните органи. Целта е замолкнување на секаква критика и ширење на страв меѓу народот и сите кои мислат поинаку, стои во дописот.
Ваквото однесување на актуелната власт е недемократски чин и не придонесува за нормализирање на политичката состојба во Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Извршното тело на партијата заклучило дека со носење на неуставниот Закон за двојазичност и ратификувањето на асиметричниот договор со Бугарија, ќе се брише македонската историја.
Била анализирана и како што се вели, катастрофалната економска политика, која земјава ја турка во банкрот. Извршниот комитет констатира дека практично не постои ресор во кој Македонија не назадува.
Заклучил дека треба да се изготват соодветни стратегии со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на уништувањето на земјата кое на крајот паѓа на товар на сите граѓани, се вели во соопштението.
