Димовски најавува иницијатива пред Уставен суд за Законот за јазиците
16.01.2018 12:51
Тој на својот Фејсбук профил го повика шефот на државата да не го потпишува указот и пратениците да не го гласаат законот кога тој повторно би се вратил на собраниска седница.

Пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ, Илија Димовски најавува иницијатива пред Уставниот суд доколку претседателот Иванов не го потпише указот за Законот за употреба за јазиците.
Тој на својот Фејсбук профил го повика шефот на државата да не го потпишува указот и пратениците да не го гласаат законот кога тој повторно би се вратил на собраниска седница.
Законот за употреба на јазиците беше изгласан во Собранието на 11-ти јануари. До четврток на полноќ претседателот Иванов треба да реши дали ќе го потпише или не указот.
