ЗОИ 2014

Канада царува во фристајл скијањето

21.02.2014 12:36

Еден-два крос триумфот за Канада го комплетира Келси Серва, откако во првата половина од финалето поради сопствена грешка од конкуренција испадна најголемиот фаворит за златото, Офели Давид...

Со златото во последната фристајл ски дисциплина, што го освои најдобрата во светскиот куп сезонава, Мариели Томсон, Канада со 4 златни одчичја е најуспешната земја во овој спорт на 22-то издание на ЗОИ, што се одржуваат во Сочи.
 
Еден-два крос триумфот за Канада го комплетира Келси Серва, откако во првата половина од финалето поради сопствена грешка од конкуренција испадна најголемиот фаворит за златото, Офели Давид.
 
За 37 годишната Французинка, најодликуваната дама во оваа дисциплина, ова беше последната шанса да ги спои мундијалското и златото во светскиот куп, со олимпискиот пехар.
 
Ана Холмлунд ја освои бронзата. САД имаат 3 злата на втората позиција во поредокот, Белорусија има две најсјајни одличја, Франција има едно. Австралија и Кина освоија по едно сребро и бронза, а Јапонија, Русија и Шведска имаат по една бронзa.