Нови студии за нутриционисти на ПМФ
На Природно- математичкиот факултет отворена нова програма за нутриционизам. Предвидено е во новата академска година да се запишат 60 студенти. Од оваа образовна институција очекуваат да имаат многу можности за професионален напредок.

Новата студиска програма- нутриционизам ќе биде дел од конкурсот за 2018/ 2019 година на Природно-матаматичкиот факултет во Скопје. Ќе се запишат 60 студенти- 20 на редовни студии, 20 со кофинасирање, уште толку ќе бидат вонредни. Ќе изучуваат околу 40 предмети.
Деканот, проф. д-р Ицко Ѓоргоски, вели дека идните дипломирани нутриционисти имаат широк спектар на можности за градење на кариерата. Ќе можат да основаат сопствен бизнис и да даваат совети на клиентите, или, пак, да бидат ангажирани од спортски клубови, во угостителски објекти и слично.
На новата студиска програма е работено неколку години. Земени се искуства од Германија и од Англија.
Наташа Јанчиќ
