Германија: Училишен автобус влета во куќа

16.01.2018 15:23

Причините поради кои возачот ја загубил контролата врз автобусот се непознати.

Четириесетина деца се повредени откако училиштен автобус удрил во куќа во градот Ебербах, југозападна Германија. Неколкумина од нив се во критична состојба.

Причините поради кои возачот ја загубил контролата врз автобусот се непознати. Во транспортот на повредените беа вклучени три спасувачки хеликоптери.