Нова рудна преговори за името во Њујорк

17.01.2018 09:08

Посредникот во спорот за името, оцени дека сега постои позитивна динамика во Скопје и во Атина за решавање на прашањето. Се очекува Нимиц да предложи рамка, со која суштински ќе се направи исчекор во решавањето на спорот...

Првата рунда преговори за името во 2018-та меѓу Македонија и Грција со посредство на медијаторот Метју Нимиц, ќе се одржи денеска во Њујорк, на ниво на преговарачи. Двете земји побараа од медијаторот на Обединетите нации да ги интензивира напорите, со што би дошло до решение на спорот за името.

Посредникот во спорот за името, оцени дека сега постои позитивна динамика во Скопје и во Атина за решавање на прашањето. Се очекува Нимиц да предложи рамка, со која суштински ќе се направи исчекор во решавањето на спорот. Македонија и Грција ќе формираат работни групи, предводени од министрите за надворешни работи, за да разговараат за проблемот.

Грчкиот став останува непроменет- сложено име со географска одредница за севкупна употреба. Македонскиот премиер Заев е убеден дека решението може да биде постигнато до јули годинава.