Јавен повик за запишување на Локални акциски групи
Објавен е првиот јавен повик за запишување на Локални акциски групи или таканаречени „лагови“. Се работи за посебна форма на здружување на најмалку две рурални општини, бизнис секторот и локалното население. Лаговите треба да изготвуваат стратегии за развој кои произлегуваат од потребите на населението во регионот од облста на животниот сандард и работењето.

На јавниот повик право на учество имаат ЛАГ- овите основани како трговско друштво, задруга или здружение на граѓани на една територијална целина со населени места со најмалку 5.000 од 100.000 жители.
ЛАГ- от е јавно- приватно партнерство меѓу најмалку две соседни рурални општини, физички и правни лица или здруженија на граѓани со седиште во општините.
Задачата на ЛАГ- от е да го координира развојот на локалните селски подрачја. Да идентификува, креира и спроведува стратегии за развој и да ги реализира одлуки за распределба и управувањето со финансиските исредства. Единствено евидентираниот ЛАГ во ресорното министерство може да биде финансиран од националната програма за рурален развој и од други извори.
Рокот за доставување на барањата за запишувањето во евиденцијата е 45 дена од објавивањето на јавниот повик.
Постапката за запишувањето на ЛАГ- овите во регистерот за ја спроведува комисија од Министерството за земјоделство.
Методија Трајков
