Канада и САД бараат построги санкции за Пјонгјанг
По целодневните разговори на министрите за надворешни работи од 20 европски и азиски држави, со исклучок на Кина и Русија, беше заклучено дека дипломатијата останува опција којашто ќе се претпочита и во иднина во однос на севернокорејското прашање.

Канада и САД бараат построги санкции за Северна Кореја, повикувајќи го Пјонгјанг да се откаже од нуклеарното оружје и да се насочи кон помирољубива иднина.
По целодневните разговори на министрите за надворешни работи од 20 европски и азиски држави, со исклучок на Кина и Русија, беше заклучено дека дипломатијата останува опција којашто ќе се претпочита и во иднина во однос на севернокорејското прашање.
„Притисок ќе вршиме сѐ додека Пјонгјанг не преземе конкретни чекори за денуклеаризација. Да бидам попрецизен, ние нема да дозволиме Северна Кореја да ни ја дестабилизра одлучноста или солидарноста“, изјави Рекс Тилерсон, државен секретар на САД.
„Северна Кореја продолжува да ја усовршува нуклеарната и ракетната програма и во овој момент додека зборуваме. Не смее да нѐ заслепи нивниот шармирачки запштитнички однос. Не е време да го намалиме притисокот ни да ја наградиме оваа земја“, вели Таро Коно, министер за надворешни работи на Јапонија.
Учесниците на меѓународниот самит во Ванкувер потенцираа дека и Кина и Русија, најважните сојузници на Северна Кореја, треба да спроведуваат ригорозни санкции.
