Свечена академија во Собранието по повод 550 години од смртта на Скендербег
17.01.2018 10:31
Предвидени се обраќања на претседателот на парламентот, Талат Џафери, директорот на Институтот за национална историја Драги Ѓорѓиев, директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Скендер Асани...

Во рамките на одбележувањето на 550 години од смртта на Ѓерѓ Кастриот- Скендербег, напладне во Собранието на Република Македонија ќе почне свечена академија.
Предвидени се обраќања на претседателот на парламентот, Талат Џафери, директорот на Институтот за национална историја Драги Ѓорѓиев, директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Скендер Асани, како и на историчарот Владо Поповски- член на Одборот за одбележување на јубилејот.
Ќе биде промивирана и поштенска марка со ликот на Скендербег.
