Соопштение за Законот за поддршка на домашната музичка продукција
Вчера, на 16 јануари 2018 година, во Министерството за култура се одржа состанок меѓу преставници на Министерството за култура и Македонската радио телевизија за да се разгледаат опциите за разрешување на состојбата со примената на Законот за поддршка на домашната музичка продукција.
На состанокот заеднички беше констатирано дека актуелниот Закон е тешко применлив и дека не ја исполнува функцијата за која е донесен.
Исто така, констатирано е дека Македонската радио телевизија, по спроведениот надзор и по насоките дадени од страна на Министерството за култура ќе пристапи кон поништување на одлуките за избор и одлуките за неизбор по основ на Вториот и Третиот квартал од 2017 година.
Претставниците на Министерството за култура и МРТ се договорија во иднина заеднички да ги координираат активностите во насока на поддршка и развој на домашната музичка продукција.
Со почит,
Министерство за култура
Македонска радио телевизија
