Џексон: Трамп е во одлична здравствена состојба

17.01.2018 11:15

„Нема никакви знаци за интелектуални проблеми. Прегледот беше на барање на претседателот. Неговото здравје е одлично. Големи се можностите тој да биде здрав до крајот на мандатот“, изјави докторот на Белата куќа, Рони Џексон.

Докторот од Белата куќа потврди дека здравствената состојба на американскиот претседател Доналд Трамп е одлична, но препорача да ја намали телесната тежина која сега изнесува 108 килограми.

„Нема никакви знаци за интелектуални проблеми. Прегледот беше на барање на претседателот. Неговото здравје е одлично. Големи се можностите тој да биде здрав до крајот на мандатот“, изјави докторот на Белата куќа, Рони Џексон.

71-годишниот челник на САД мина тричасовно медицинско испитување коешто беше и првиот преглед откако влезе во Белата куќа. Претходно беа објавени документи кои ги разгореа шпекулациите околу неговото психичко здравје.