Ново партнерство меѓу Кипар, Грција и Јордан

17.01.2018 11:55

Тристраните преговори меѓу кипарскиот претседател Никос Анастасијадес, јорданскиот крал Абдула Втори и грчкиот премиер Алексис Ципрас беа фокусирани за зголемување на безбедноста на источниот Медитеран.

Челниците на Кипар, Грција и Јордан ветија ново партнерство со посериозна соработка во борбата против тероризмот.

Тристраните преговори меѓу кипарскиот претседател Никос Анастасијадес, јорданскиот крал Абдула Втори и грчкиот премиер Алексис Ципрас беа фокусирани за зголемување на безбедноста на источниот Медитеран.

Земјите кои вдомија бегалци од Сирија ќе добијат меѓународна поддршка. Повикаа на продолжување на преговорите меѓу Израелците и Палестинците.