ШПАНИЈА

Пуџдемон- кандидат за премиер на Каталонија

17.01.2018 12:39

Пуџдемон, кој може да биде уапсен доколку се врати во Шпанија, сака да стапи на должност од Брисел, каде што се наоѓа откако Мадрид издаде налог за негово апсење.

Сепаратистичките каталонски партии Заедно за Каталонија и Каталонската Републиканска левица се договорија да го поддржат поранешниот лидер Карлес Пуџдемон за нов претседател на каталонската регионална Влада.

Двете партии освоија 66 од 135-те места во парламентот. Пуџдемон, кој може да биде уапсен доколку се врати во Шпанија, сака да стапи на должност од Брисел, каде што се наоѓа откако Мадрид издаде налог за негово апсење.

Претходно шпанскиот премиер Рахој изјави дека автономијата на Каталонија ќе остане суспендирана ако сепаратистот Пуџдемон се обиде да управува од Брисел.