Продолжува проектот за бесплатна бањско- климатска рекреација на пензионерите

17.01.2018 13:28

Сите заинтересирани пензионери, почнувајќи од 15-ти јануари, па се до 15-ти февруари 2018-та, ќе можат да поднесат барање за користење на услугите од двата проекта во филијалите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Фондот на пензиско и инвалидско осигурување продолжува со реализација на проектот Бањско- климатска рекреација на корисници на пензија.

Сите заинтересирани пензионери, почнувајќи од 15-ти јануари, па се до 15-ти февруари 2018-та, ќе можат да поднесат барање за користење на услугите од двата проекта во филијалите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.

За разлика од порано, право на користење на услугите од овие проекти имаат корисници на старосна, семејна и инвалидска пензија, кои живеат во Република Македонија, а чија пензија не надминува 17 илјади денари.

Услугата може да се користи во периодот од март до ноември во траење од седум дена, а опфаќа шест полни пансиони, бањска терапија, задолжителен здравствен преглед, и трошоци за превоз во износ на повратна автобуска карта.

За двата проекта во буџетот на Министерството за труд и социјална политика се обезбедени 35 милиони денари, како и три милиони денари за превоз.