Курц: ЕУ мора да биде поштедлива и поефикасна

17.01.2018 16:08

Австрискиот канцелар порача дека ја поддржува целта за потранспарентна, поконкурентна и поодржлива Европа.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека ЕУ мора да биде поштедлива и поефикасна и изрази скептичност за предлозите кои предвидуваат воспоставување заеднички буџет на Еврозоната за што се разговара во Германија.

Австрискиот канцелар порача дека ја поддржува целта за потранспарентна, поконкурентна и поодржлива Европа. 

За разлика од германските партии, Курц не е подготвен однапред да прифати поголеми давачки за ЕУ по излегувањето на Британија од Унијата.