Градинарската сезона почна порано
Новата раноградинарска сезона почна скоро два месеци порано. Земјоделците велат дека временските услови се поволни и дека може да се работи на нивите. На теренот, досегашната практика се повторува. Сеидбата и оваа година е непланска. Земјоделците садат тоа што мислат дека ќе можат да го продадат без претходно да направат договорори со откупувачите.

Невообичаено високите температури и убавото време за овој период од годината ги помести сеидбените рокови во градинарството.
Наместо по 20-ти јануари, пролетната зелка интензивно се сади уште од ноември, а ако ваквото време со темепратури над нулата продолжи нема да биде изненадување идниот месец односно по 20 февруари на нивите да почне и садењето на доматот, пиперот, краставицата и младиот компир, кои обично се садат кон средината, од 15 до 20, или на крајот на март.
Иако подготовкикте и сеидбените работи се почнати, земјоделеците немаат договори со откупувачите и повторно и оваа година ги мачи неизвесноста по која цена ќе го продаваат производството.
Некои велат, а дриги се надеваат дека и оваа реколта можеби повторно ќе има потреба од интервентен откуп или од заштита на домашното производство со посебни мерки како на пример намалување на увозот во време на најинтензивните берби.
Методија Трајков
