Телефонски разговор меѓу Вучиќ и Тачи

18.01.2018 10:29

Потенцирале дека е неопходно да се најдат и да се судат атентаторите на лидерот на косовските Срби Оливер Ивановиќ. Вучиќ инсистирал Приштина да прифати учество на српските државни органи во спроведувањето на истрагата за убиството на Ивановиќ, а Тачи изразил подготвеност за соработка.

Во телефонски разговор, претседателот на Србија Александар Вучиќ и неговиот косовски колега Хашим Тачи се согласиле дека дијалогот на Србите и Албанците, како и заедничката работа на смирувањето и стабилизацијата на состојбата на Косово е од клучен интерес за двете страни.

Потенцирале дека е неопходно да се најдат и да се судат атентаторите на лидерот на косовските Срби Оливер Ивановиќ. Вучиќ инсистирал Приштина да прифати учество на српските државни органи во спроведувањето на истрагата за убиството на Ивановиќ, а Тачи изразил подготвеност за соработка.

Во меѓувреме, српската војска го предупреди КФОР дека ќе ги штити своите граѓани на Косово доколку биде загрозена безбедноста. Владата во Приштина дозволи српскиот претседател Вучиќ да го посети Косово викендов.

Полицијата го идентификувала сопственикот на запалениот автомобил од кој било пукано во Ивановиќ. Се работи за Австриец со српско потекло кој бил починат.