Влада на РМ: Со Законот за употреба на јазиците се унапредуваат правата на сите етнички заедници

18.01.2018 10:36

Законот ќе биде испратен на мислење во Венецијанската комисија и сите нивни забелешки ќе бидат вградени во текстот. Ова е гаранција дека со него не се предвидува ништо спротивно од европските стандарди за употреба на јазиците на етничките заедници, стои во дописот.

Со Законот за употреба на јазиците се унапредуваат правата на сите етнички заедници, реагираше Владата. Преку соопштение изрази жалење за одлуката на претседателот Иванов.

Законот ќе биде испратен на мислење во Венецијанската комисија и сите нивни забелешки ќе бидат вградени во текстот. Ова е гаранција дека со него не се предвидува ништо спротивно од европските стандарди за употреба на јазиците на етничките заедници, стои во дописот.

Според Владата, сите одредби во законското решение за употребата на јазиците се во согласност со Амандманот 5 од Уставот на Република Македонија.