Влада на РМ

Ќе се анализира рамката предложена од Нимиц

18.01.2018 10:39

Активно се создаваат услови за придвижување на процесот напред, а исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни, имајќи ги предвид разликите.

Владата е посветена на решавање на спорот што го има Република Грција со уставното име на Република Македонија, стои во соопштението од Владата. Активно се создаваат услови за придвижување на процесот напред, а исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни, имајќи ги предвид разликите.

Обновената комуникација отвора простор за пријателски пристап и градење обострана доверба, се вели во дописот. По внимателна анализа на рамката на Нимиц, согласно со значењето на прашањето за државните интереси, ќе продолжи процесот за градење на што е можно поширок и поинклузивен став од страна на Република Македонија, велат од Владата.