Бугарска инвестиција отвора 100 работни места

21.02.2014 13:48

Новиот објект во општина Бутел ќе располага со корисна површина од 10 илјади метри квадратни и ќе произведува трафостаници за пренос на електрична енергија за потребите на домашните компании...

Бугарската компанија „Филкаб“ ќе инвестира 3,5 милиони евра во производствен капацитет за електро материјали во Визбегово и ќе отвори 100 работни места.
 
Новиот објект  во општина Бутел ќе располага со корисна површина од 10 илјади метри квадратни и ќе произведува трафостаници за пренос на електрична енергија за потребите на домашните компании. Според министерот за странски инвестиции Џери Наумоф ,контактите со бугарската компанија почнале пред една година, но биле интензивирани  последниве 5 месеци, кога била и донесена одлука за инвестирање.
 
На почеток ќе бидат вработени 50 лица, но  подоцна кога ќе биде достигнат полниот капацитет  и дополнителни 50 , изјави Наумоф, кој очекува  успешно завршување на разговорите за влез на  неколку бугарски компании во  областа на аграрот и на минералните суровини .
 
„Филкаб“ е присутна на македонскиот пазар веќе 10 години  и најавува дека новиот капацитет во Визбегово  ќе биде основен логистички центар  за снабдување  на сите пазари од западниот Балкан. Бугарската компанија ,освен во земјава, е присутна  и во Романија, Кипар, Германија, Албанија и Косово.
 
Свето Николовски