Продолжение на две седници во Собранието

18.01.2018 10:54

На дневен ред се измените во Законите за внатрешни работи и за полиција, како и Предлог- законите за формирање Оперативно-техничка агенција и за следење на комуникациите.

Во Собранието продолжение на две седници. На дневен ред се измените во Законите за внатрешни работи и за полиција, како и Предлог- законите за формирање Оперативно-техничка агенција и за следење на комуникациите.

Со одвојувањето на УБК од МВР ќе се спречи техничката можност за нелегално прислушување, велат предлагачите.

Покрај досегашната собраниска комисија, контролата на следењето на комуникациите ќе ја вршат уште четири други институции.