Продолжена вонредната состојба во Турција

18.01.2018 11:02

Мерката почна да се спроведува по неуспешниот обид за државен удар во 2016 година. Се интензивира и борбата против терористичките организации околу граничните предели.

Турција ја продолжи вонредната состојба за уште три месеци по препорака на Советот за национална безбедност. Мерката почна да се спроведува по неуспешниот обид за државен удар во 2016 година. Се интензивира и борбата против терористичките организации околу граничните предели.

„Турција нема да дозволи ни формирање на терористички коридор, ни терористички војски. Ќе се преземат сите неопоходни превентивни мерки за ова прашање“, изјави Бекир Боздаг, вицепремиер на Турција.

Ова е шесто продолжување на вонредната состојба во Турција во која се извршени серии апсења и отпуштања во администрацијата и војската.