САД
Трамп ги додели наградите за „лажно известување“
18.01.2018 12:23
Првите три места ги поделија вработени во весникот „Њујорк тајмс“ и во телевизијата Еј-Би-Си.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги додели наградите за лажни вести. Десетина медиуми лани известувале пристрасно, нефер или лажно за неговата работа.
Првите три места ги поделија вработени во весникот „Њујорк тајмс“ и во телевизијата Еј-Би-Си.
Најмногу награди им додели на тимовите од „Си-Ен-Ен“ каде што поради неточни информации за Русија и за посетата на Трамп во Јапонија, биле отпуштени неколку работници.
