Народното собрание на Бугарија го ратификува Договорот со Македонија
18.01.2018 12:27
Беше поддржан од сите параламентарни партии и на вчерашните седници на Комисиите за надворешна политика и за европски прашања.

Бугарското Народно собрание едногласно го ратификува Договорот за добрососедство и соработка со Македонија. Беше поддржан од сите параламентарни партии и на вчерашните седници на Комисиите за надворешна политика и за европски прашања.
На 15-ти јануари македонското Собрание со 61 глас „за“ и еден „воздржан“ го изгласа Предлог- законот за ратификација на Договорот со Бугарија, кој на 1-ви август лани во Скопје го потпишаа премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов.
